Магазин

(ВИДЕО) Некој доцни – банкари од „Охридска банка“ танцуваа пред 19 години

Вработени во Уни Банка го прифатија предизвикот и заиграа во ритамот на светски популарниот хит Jerusalema. Дваесет и тројца банкари и банкарки од експозитурата на плоштадот „Македонија“ во Скопје на 20 декември заиграа синхронизирано.

– Дали го погледнавте нашето ново видео? – Дваесет и тројца колеги танцуваат на познатиот светски предизвик JerusalemaChallenge пред експозитурата на плоштад „Македонија“. Минатата година ќе остане запаметена по различни работи за секој од нас. Година која нè натера да сфатиме што е навистина важно, стои во пост на Банката на Фејсбук.

Но, не се само тие очигледно предизвикот со танцување го започнаа активистки од Форумот на жени ОО СДСМ Прилеп. Тие со смислена корегорафија танцуваа во штабот на СДСМ, а оттаму се упатија и до Општата болница во Прилеп, каде медицинскиот персонал ги дочека со ракоплескање, а потоа сите заедно излегоа надвор и продолжија со танцување.

 

Само да потсетиме, доколку некој мисли дека измислил„Топла вода“, не е така. Да ве потсетиме дека Охридска банка уште во 2001 год сними реламен спот токму на овој начин. Имено песната за банката ја пеат познатиот Ѓоко Танески и Кате од Нели ти реков.

Пошто сега сме во многу побрз ритам ONE MEDIA го создаде модерното видео од Охридска банка.

Како би изгледало видеото од Охридска банка со денешен ритам може да погледнете на овој линк.

На почеток