Свет

Во Лос Анџелес издадена наредба во болниците да не се носат пациенти кои имаат мали шанси да преживеат

Здравствените власти на Лос Анџелес им кажаа на амбулантните работници да престанат да примаат пациенти со ковид-19 кои имаат многу мали шанси за преживување откако во областа се појави недостиг на болнички кревети и медицински персонал среде последното големо ширење на коронавирусот.

Здравствениот систем на вториот најголем град во САД се соочува со колапс, бидејќи регионот се ближи кон дневната бројка од 1.000 починати од ковид-19, а болниците се преполни со пациенти. На болниците исто така им е кажано рационално да го трошат кислородот.

Њујорк издаде слична наредба во април 2020, на врвот на ширењето на заразата во градот.

 

На почеток