Македонија

МВР го истражува славењето на ДУИ, а заменик министерот на полицијата седи на истата маса

По реакциите на јавноста, од МВР соопштија дека го испитуваат случајот со функционерите на ДУИ кои без маски седеа во канцеларија во новото Министерство за политички систем и прославуваа со торта роденден на Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Оценките се дека настанот покажува злоупотреба на државна сопственост, партизација на институции и кршење на здравствените мерки и протоколи во пандемијата. Првично од ДУИ негираа вакви јавни реакции, но денеска вицепремиерот Груби ги повика институциите да реагираат и дека функционерите на ДУИ се „спремни да ги сносат последиците и да ги почитуваат одлуките“.

МВР во истрагата ќе мора да почне и од главната зграда на министерството бидејќи без маска на лице, но и не му се гледа дека му е во рацете е заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. На фотографијата се гледаат и претседателот на Собранието Талат Џафери (кој беше на Инфективна поради Ковид проблеми), 5-мина министри, директори на јавни претпријатија.

На почеток