Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимен моментот кога беше пукано во 35-годишната демонстрантка во Конгресот

Снимен моментот кога беше пукано во 35-годишната демонстрантка Ешли Бебит, воена ветеранка од Калифорнија, на протестите во конгресот во Америка. Снимката се појави на социјалните мрежи и на неа јасно се гледа дека во жената пукал припадник на обезбедувањето.

Драматичната и вознемирувачка снимка од досега невиден агол, покажува како толпата се обидува да се пробие низ забарикадирана врата, додека од другата страна чекаат неколкумина вооружени обезбедувачи на Конгресот. Жената се качува на делот од вратата на кој е скршено стаклото, веројатно за да се обиде да скокне во забарикадираниот ходник, кога обезбедувачот со вперен пиштол го истрелува единствениот куршум, кој бил смртоносен за  неа.

Во вчерашните нереди во Вашингтон животот го загубија четири лица.

На почеток