Свет

Коѕијас во одбрана на Македонија: Kapaкачанов и неговaтa BMPO пpaват од Бугapија „Xepкулес без мycкули“

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, смета дека бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов од Бугарија прави дестабилизирачки фактор на Балканот.

„Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на европејците“, изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“.

Според него, Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Северна Македонија се родила нова нација, која има свој сопствен јазик.

„Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули“, додава тој.

На почеток