Македонија

Јанкулоска: ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор на протестите на 27. април

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше на судењето против организаторите на настаните од 27 април. Таа истакна дека дека во тој период имала само партиска функција, но не и државна, пренесува „Република“.

Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите.

-Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена“, нагласи Јанкуловска.

Јанколовска додаде и дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело.

„Не се сеќавам на било каква комуникација со Ристовски тој ден ниту пак дека се видовмеа“, појасни Јанкуловска.

На 27 април цел ден била во партијата и не се случувало ништо посебно и околу 17 часот си отишла дома и видела на телевизија што се случува во Собранието.

Таа додаде дека Миле Јанакиески немал никаква комуникација со општинки комитети поврзани со протестите.

Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми аптил.

 

На почеток