Македонија

Познати кандидатите за членови на ДИК

14 кандидати конкурирале на собранискиот оглас за нов состав на Државната изборна комисија. Листата беше потврдена од собраниската Комисија за избори и именувања. Меѓу нив се и шест од 7 членови на досегашниот состав на ДИК, единствено за нов мандат не се јавил првиот човек Оливер Дерковски.

Собрнаискиот спикер оваа листа треба да ја достави до партиите, а тие пак, во рок од три дена ќе треба да ги достават своите предлози за членови на ДИК. Опозицијата треба да предложи претседател и двајца членови, додека пак, власта потпретседател и 3 членови.

ВМРО-ДПМНЕ веќе официјално ги предложи Даштевски за пртеседател и актуелниот пратеник Стојаноски за член на ДИК. Алијансата и Алтернатива ќе го предложат третиот опозициски член. Неофицијално тоа е правникот од Струга Лога.

Извори од владејачката колаиција на СДСМ велат дека кај нив најспоменувани имиња се Кондарко и Витановски, а во игра се и поранешниот заменик министерот за правда Ристески и досегашната портпаролка на ДИК Гугучевска. Конечниот избор на СДСМ ќе се знае за два дена. Од ДУИ засега не откриваат фаворит.

Членовите на Дик се избираат со 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Мандатот на ДИК трае 2 години.

Собраниската комисија го потврди и Насер Зибери за предлог за нов народен правобранител. Албанската опозција регираше дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кандидат на ДУИ.

На почеток