Свет

(ФОТО) Поплави на југот во Србија – прогласена вонредна состојба!

Големи поплави денеска во неколку села на југот на Србија. Би-Би-Си на српски јазик јавува дека делови од Лесковац, места околу Ниш и Прокупље, неколку населби во Пирот и неколку села на подножјето на Стара планана изутрината се под вода.

Звук од дрво кое било носено од водата и кое удрило во летниковец го разбудило Владимир Алексиќ, жител на Пирот кој во вчера вечер преспал во својата викендица во селото Рсовци.
Јас мислев дека е грмотевица, изјавил тој за српските медиумите.

Во некои општини и населени места прогласена е и вонредна состојба.

На почеток