Македонија

Груби за Click Plus: Спасовски ми се јави и ми кажа дека немал намера да го навреди Буши

Груби во дебатниот магазин „Click Plus“  одговараше и за односот на Министерот за внатрешнира работи Оливер Спасовски кон заменик министерот на МВР, Назим Буши на последната прес конференција.

Тогаш Спасовски запрашан околу фотографијата на членовите на ДУИ, рече дека тој ќе го даде одговорот на прашањето бидејќи заменик министерот е казнет и затоа сега носи маска.

Груби во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека веднаш по прес конференцијата Спасовски му се јавил потенцирајќи дека немал намера да го навреди Буши за време на прес конференцијата.

извор: ТВ 21

На почеток