Македонија

Застарува делото за уништувањето на опремата за прислушкување за Мијалков

Од големиот судски процес „Тврдина-Таргет“ за незаконското прислушување во времето на ВМРО-ДПМНЕ кој се наближува кон крајот, во март ќе отпадне едното од кривичните дела на обвинетиот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков, поради застарување. Застарува влијанието на Мијалков за уништувањето на опремата со која се вршело прислушувањето, објави СДК.МК.

Не му застаруваат носечките кривични дела за нелегалното прислушување, а тоа се злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата.

„И да биде утре првостепено осуден обвинетиот Мијалков, тоа кривично дело секако застарува во март, зашто за делото примање награда за незаконито влијание казната е само до 3 години затвор “, рекоа од Обвинителството.

Текстот во целост на: СДК.МК.

На почеток