Скопје

Во Зоолошката градина Скопје почина жирафата Тобого

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого
Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати, објавија од Зоолошка градина Скопје.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.
Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување

Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен, пишуваат од Зоо Скопје.

На почеток