Во интервју на МТВ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека ништо не се случило на карневалот во Вевчани.
„Разговаравме ние и со одделот за превенција кај нас да не се организира масовно присуство, тие наши заложби и договори не беа испочитувани, но како и да е, таму се случи една состојба во којашто од политички причини некој сакаше да предизвика инцидент или да биде сензација во јавноста. Ништо повеќе од тоа“, истакна Спасовски.