Свет

Сведок на Специјалниот суд во Хаг кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК – пронајден мртов

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми.  „Газета експрес“ пишува дека  тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.

За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.

„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.

Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.

извор: Макфакс 

На почеток