Магазин

ММС: Агнеса Органџиева за проблемите во бракот, Дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси??

Вели сум го оставила дека не бил директор, па тој не е директор веќе пет години и ако било за пари ќе сум го оставела тогаш, вели Агнеса Органџиева, до вчера Орданоска и сопруга на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, за случувањата во нивниот брак, кои од четирите ѕида во нивниот дом се преселија на социјалните мрежи и јавноста веќе неколку дена ги коментира, објави mms.mk

Таа иако сеуште не се разведени, веќе секаде се претставува како Органџиева, по нејзиното моминско презиме, бидејќи, како што вели за ММС, веќе не сака да се презива така. И не само тоа, таа за ММС ги објасни работите како изгледаат од нејзин аспект, кога веќе во бракот нема љубов и дека нејзината одлука да го прекине бракот не е донесена преку ноќ.

-Штом го оставам, значи нешто има. Нешто дома не е во ред. Не сакам децата да растат во таква средина. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека свати јавноста со каков човек сум имала работа. Цело време трпев само заради децата, беа мали. Но, сега пораснаа. Јас на поголемата ќерка и кажав какви ми се плановите и ме поддржа. Не е ова нешто што сум го решила преку ноќ, како што тој кажува. Јас него многу добро го знам каков манипулатор е, вели Органџиева за  mms.mk.

-Јас спиев и ми се јави ќека ми и ми рече: „Мамо те молам не отворај Фејсбук, да не се насекираш“. Јас знаев дека направил некоја глупост, бидејќи го знам каков е. Еве еден прост пример- дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси? А тоа го објави пред неколку дена. Знаеш како ја усрами Вивиен со тоа. Девојче од 17 години кое студира медицина. Не може тоа така, да гледа само за себе. Тој од се прави драми. Сака да го жалат. Сака да е во центар на внимание. Ете го постигна тоа, сега пак е во центар. Цело време потенцира дека 16 години бил директор, па ама веќе со тоа. Како божем само тој бил директор. Не паѓам веќе јас на лажните емоции. Сега имам 37 години, не сум веќе 20 години. Ги кометираат годините ама тоа нема врска, луѓето само прават филмови. Јас пробав проблемот меѓу нас да го решам со арно, тој не сакаше, така да… Ова нема никогаш да му го простам. Премногу смешно ќе биде.

Текстот во целост на: mms.mk.

На почеток