Македонија

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше Проески

Организцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв, посочуваат организаторите.

При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.

Македонската и регионална поп-икона Тоше Проески животот го загуби на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Замина прерано на 26-годишна возраст, на врвот од неговата музичка слава.

Покрај по ангелсиот глас беше познат и по неговата хуманост и подготвеност да помогне. Неговиот последен концерт и еден во низата хуманитарни концерти го одржа на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје, а беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

„Игри без граници“, беше последниот албум на Тоше, а постхумно на 25 јануари 2009 година, на денот на неговиот роденден официјално излезе и албумот The Hardest Thing.

На почеток