Свет

Србите се „фашисти“, изјави Дуа Липа за познатото списание „Roling Stone“

Во интервјуто за познатото списание „Roling Stone“, поп-ѕвездата Дуа Липа говори и за политички теми, изјавувајќи дека нејзиното семејство морало да се пресели од Косово и Метохија по „српската окупација“.

Липа, Србите ги нарече „фашисти“, изјавувајќи дека за време на војната на Косово и Метохија во 90-тите години, од нејзиниот дедо Сеит Липа, кој бил директор на Историскиот музеј во Приштина од 1990 до 1995 година, барале да ги фабрикува историските факти, а тој одбил, поради што се нашол на мета на тогашните српски власти.

„Дедо ми од страната на татко ми пишуваше книги за сè што се случуваше, откако се случи окупацијата, српските сили го замолија да ја препише историјата. Тој одби и ја изгуби работата“ – рече Липа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Во најавата за интервјуто, Липа објави фотографија од својот дедо на својот Инстаграм профил, пишувајќи дека е горда на него.

Британската пејачка е инаку позната како политички активист кој се залага за независно Косово. Во неколку наврати, таа во своите соопштенија посочи дека „Косово не е Србија“, а во една прилика отиде чекор подалеку, објавувајќи фотографија од мапа на Голема Албанија.

На почеток