Македонија

Уништената опрема за прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ вредела 1,4 милиони евра

На рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ беше истакнато дека опремата за прислушување од системот „Најс“ во УБК имала употребна вредност од 87.422.668 денари, односно 1.418.897 евра.

Проценетата вредност е дел од извештајот изготвен од вештак за материјално, сметководствено и финансиско работење, во рамки на дополнението на доказната постапка која е во тек. Вештакот посочил и дека опремата во МВР била уништена во март 2013 година. До сметководствената вредност од еден денар било стигнато со фактура од јануари 2015 година.

Откако ќе бидат изведени и дополнителните докази, предвидено е да се одржат рочиштата за завршни зборови и за пресудата.

 

На почеток