Македонија

Џафери не знае за кој пратеник зборувал Милошоски кога кажа дека бил осудуван за силување

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски Вчера од собраниската говорница кажа дека пратениците во Собранието имаат колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. По оваа изјава на Милошоски Џафери вели: Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи.

-Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

фото: Архива

 

На почеток