Евроамбасадото Дејвид Гир при посетата на Охрид ја пренесе загриженоста на Европската Унија, градот да се најде на листата на загрозени светски вреднсти, откако УНЕСКО неодамна го испорача најлошиот извештај досега.
На зедничката прес конфернеција со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, евроамбасадорт ја нагласи потребата од засилен ангажман на надлежните и рече дека зачувувањето на Охридскиот регион треба да биде национален зафат што ќе ги обедини сите чинители.
Градоначалникот Константин Георгиевски, пак вели дека не е голема трагедија доклолку Охрид се најде на листата на локалитети во опасност, затоа што тоа е мехназиам за поенергично да се имплементриарат препораките за заштита.
Од граѓанската иницијатива Охрид СОС пак, бараат одговорност и кривични пријави за сите носители на јавни функции кои дозволиле Охрид да се најде во ваква сосотојба.