Македонија

(ФОТО) Затворена „Јавна соба“

Затворена групата „Јавна соба“ на „Телеграм“.  Ова доаѓа откако Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, истакна министерот.

И претседателот на Владата, Зоран Заев,  по повод случувањата околу групата „Јавна Соба“ на Телеграм, во која се шири експлицитен материјал од девојки од Македонија, на својот ФБ профил напиша дека биле испратени категорични барања до „Телеграм“ за бришење на групата, и наведе дека нема да престане да инсистира на тоа барање се додека не се исполни.

На почеток