Фудбалската федерација на Македонија одговори на соопштението на Агенцијата за млади и спорт дека не работи според Законот за спорт. Претедателот Муамед Сејдини истакна дека клубовите се уценувани со користењето на ваучерите и од нив е побарано да го бојкотираат Генералното Изборно собрание на ФФМ, кое треба да биде одржано оваа година, објави makfudbal.mk.
„Најмалку што сакаме во едно вакво време кога славиме пласман на Европско првенство е да се занимаваме со вакви работи. Но, откако Агенцијата за млади и спорт вчера објави соопштение на својот сајт, должни сме да одговориме. Со хартии и со документи да им докажеме и покажеме колку не знаат. Во текот на вчерашниот ден до мене дојдоа шпекулации дека претседатели на клубови се повикувани да потпишат некаков бојкот на Генералното собрание на ФФМ, а уценувани со употреба на ваучерите. Дури одат дотаму што се користело и името на премиерот на државата.
Текстот во целост на: makfudbal.mk.