Медиасет

Бајден на новинарското прашање за што разговарале со Путин му одговори: „За тебе и те поздрави“

Откако Бајден ги потпиша извршните наредби за унапредување на расната рамноправност, дописникот на Белата куќа Питер Дуси му довикна: „Господине претседател, за што разговаравте со Владимир Путин?“

Бајден потсмешливо му одговори: „За тебе“.

Па додаде: „Те поздрави“.

По ова новинарите се изнасмеаја, а Бајден ја стави маската на лице и си замина.

На почеток