Медиасет

(ВИДЕО) Втора недела протести за поддршка на опозиционерот Навални, почицијата апси демонстранти

Протестите во Русија оганизирани од приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални не запираат. Во Владивосток, на крајниот исток на Русија, силите на редот привеле околу 100 лица.

Во Екатеринбург во регионот Свердловск, околу 2.300 луѓе се собрале на протестите, објави регионалното Министерство за внатрешни работи, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Полицијата во Москва уапсила човек кој преку социјалните мрежи јавно ги повикувал граѓаните да излезат на протести и да се судрат со припадниците на безбедносните сили, додека во сибирските градови Краснојарск, Барнаул и Новосибирск биле приведени десетици демонстранти.

Приврзаниците на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални сепак и покрај предупредувањата и акциите против неговите сојузници, излегоа на улиците, втор викенд по ред.

Навални беше уапсен на 17 јануари додека се враќаше во Русија од Германија каде се опоравуваше од труење со нервниот агенс „новичок“.

фото: www.wsj.com

 

На почеток