Неколку лица се повредени во напад со нож во метро во Брисел, објави белгискиот портал „Ле Соар“.
https://twitter.com/interactiveTur/status/1356290089257738240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1356290089257738240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bdd0b0d0bfd0b0d0b4-d181d0be-d0bdd0bed0b6-d0b2d0be-d0bcd0b5d182d180d0be-d0b2d0be-d0b1d180d0b8d181d0b5d0bb%2F
Нападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој бил уапсен.
Според еден сведок, целта на нападот биле жени.
Друг сведок рекол дека најмалку една жена била прободена со нож во вратот.
Според некои наводи, човекот прво ги нападнал патниците во возот со нож, а потоа се симнал од возот и започнал да напаѓа други луѓе.
Полицијата потврди дека имало инцидент, но засега нема објавено детали.