Македонија

Во Софија уапсен специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски

Бугарската полиција го приведе специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, потврдуваат од МВР за „А1он“. Спасов бил приведен попладнево во Софија, откако по него беше распишана меѓународна потерница пред година и три месеци. Осудениот за убиството на Нешковски е спроведен во притвор, по што, ќе треба да биде екстрадиран во Македонија.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски.

Текстот во целост на:  „А1он“.

фото: А1ОН

На почеток