Свет

Ердоган: Дојде време за расправа за новиот Устав на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време повторно да се разговара за новиот Устав на Турција, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган на прес-конференција по вчерашниот состанок на Кабинетот во Анкара рече дека оној кој тврди оти на Турција не ѝ се потребни реформи, тој не упатен ниту во однос на Турција, ниту светот, ниту во општеството.

– Можеби сега повторно дојде време за дебата за нов Устав на Турција, потенцира Ердоган.

Тој исто така рече дека наскоро со јавноста ќе сподели сеопфатна студија за реформските пакети, вклучувајќи ги филозофијата, целите, задачите и активностите, инфомира Анадолија.

Говорејќи за самиот процес на изготвување на новиот Устав, Ердоган порача дека тој треба да биде „спроведен на транспарентен начин, а крајниот текст да биде презентиран пред народот.”

Ердоган додаде дека ако постигнат договор со партнерот во рамките на Народната алијанса, која се состои од Партијата на правдата и развојот и Партијата на национално движење, во наредниот период можно е да се преземат мерки за изготвување на нов Устав.

Извор/фото:Агенции

На почеток