Свет

(ВИДЕО) Во Оклахома убиени најмалку шест луѓе, меѓу кои пет деца

Најмалку шест луѓе, меѓу кои пет деца, се убиени денеска во сојузната американска држава Оклахома, соопшти полицијата.  Од полицијата наведуваат дека приведено е едно вооружено лице.

Доцна ноќта околу 1:30 часот по локално време, во полицијата било пријавено пукање во градот Маскоги, пренесува Еј-би-си њуз.

На лице место полицијата затекнала едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца. Петтото дете починало во болница. Во болница била донесена и жена со повреди опасни по живот.

извор: Макфакс 

Фото: KFOR – Oklahoma City

 

На почеток