Магазин

(ВИДЕО) Навални осуден на затворска казна од 2 години и 8 месеци, одлучи Московскиот суд

Алексеј Навални, главниот опозициски политичар во Русија е осуден на затворска казна од 2 години и 8 месеци. Пресудата предизвика реакции во светската јавност.

Соединетите Држави соопштија дека се длабоко загрижени поради изречената затворската казна.

„Соединетите Држави се длабоко загрижени од одлуката на руските власти да го осудат опозициското лице Навални на две години и осум месеци затвор“, рече државниот секретар Ентони Блинкен, пренесува „Ројтерс“.

Условната казна на Навални од 3 години и шест месеци беше изменета во затворска казна, а беше намалена на две години и осум месеци поради периодот што го поминал во домашен притвор.

фото: Times of India

 

На почеток