Македонија

Казана од 500 евра за организаторот на протестот за “Монструм”

Блерим Ахмеди кој во МВР пријави одржување на протест за поддршка за обвинетите во случајот „Монструм“, бил поканет во полициската станица во Битпазар, каде бил казнет со 500 евра заради прекршување на мерките против ширењето на коронавирусот со протестот на 29 јануари, пренесе Локално.

-Вчера бевме повикани од полицијата преку телефон и немавме писмена покана, што е спротивно на законот. Бевме повикани за проблемот со протестот на 29 јануари и тие бараа одговорност за немање социјална дистанца, не носење на маска. Во полициската станица во Бит Пазар имавме голем притисок. Ми беше забрането правото на јазик и не ни беше дозволено да користиме преведувачи. Ја добив казната, од околу 500 евра и ми се заканија дека ако продолжам со протестите како организатор, ќе ме уапсат, изјавил тој за ТВ Лајм.

Извор/фото:Агенции

На почеток