Македонија

ИВЗ за средбата со Стојанче Ангелов: Не го осудуваме скандирањето „УЧК“

Исламската верска заедница излезе со реакција по средбата со Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, со појаснување дека тие не го осудуваат скандирањето „УЧК“ на протестите за случајот „Монструм“ минатата недела во центарот на Скопје.  Ангелов на негово претходно барање заедно со заменик директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што бепе остварена работна средба со претседателот на Исламската Верска Заедница, Шаќир Фетаи, објави  faktor.mk

„Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ“, се вели во соопштението на ИВЗ.

Од таму велат дека на средбата се разговарало за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари.

извор: faktor.mk

На почеток