Македонија

На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија

Министерството за здравство вложува и се залага да им овозможи на пацинетите, во државата, модерни и современи терапии за лекување и на најкомплексни случаи, за што претходно биле испраќани на лекување во странство.

На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија. Ова е уште еден исчекор во модернизирање на лекувањето на пацинетите на оваа Клиника, но и инвестиција во квалитетен здравствен систем за граѓаните. За овој начин на лекување нашите пациенти претходно одеа да се лекуваат надвор од нашата земја, а фотоферезната имунолошка клеточна терапија популарно наречена фотофереза од сега им е достапна на Клиниката за хематологија. Станува збор за специјална машина во која дел од крвта на пациентот се тертира со специјален фотосензитивачки лек и потоа се изложува на специфична светлосна комора во која се активира. Крвта потоа се враќа назад и делува во организмот.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија.
Имуномодулаторна терапија, нуди надеж за болните кои страдаат од Т-клеточни лимфоми, пациенти кои развиваат акутна или хронична форма на болеста GVHD, за лекување определени имунолошки болести и состојби како системска склероза, кронова болест. Со фото-имуната терапија се тертираат и пациенти после трансплатација на солидни органи – срце и бели дробови, во случаи кај кои телото го отфрла органот. Клиниката за хематологија, освен во третманот на пацинети вложува и во едукација и усовршување на својот медицински персонал, од следниот месец медицински тимови од оваа Клиника ќе одат во Загреб, на едукација и усовршување на нови методи на лекување.

Министерството за здравство гради модерен здравствен систем за сите, за Клиниката за хематологија, минатата година, обезбеди апарат за крио презервација, односно за смрзнување на крвни матични клетки.

фото: Архива

На почеток