Додека македонската влада на секој начин се обидува да им се спротивстави на бугарските условувања за интеграцијата на Македонија во ЕУ, пред бугарскиот конзулат во Битола колони македонски граѓани стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши, објави Нова Македонија.
Секојдневно стотици македонски граѓани поднесуваат барања за добивање бугарски пасоши, а ниту пандемијата не ги спречува да дојдат во голем број од Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево и од Штип.
Текстот во целост на: novamakedonija
фото: novamakedonija