Скопје

Урнaтото кафуле пред „Мавровка“ стигна до кровна конструкција

За уриваното кафуле пред „Мавровка“ се местат метални столбови за покривна конструкција. По неколкумина работници речиси секојдневно се на градилиштето. Сопственикот Мевљудин Алити за „А1он“ вели дека се откажал од најавите да тужи, оти го уривале и покрај тоа што ги имал сите потребни дозволи, а за поднесеното обвинение против него вели дека ќе чека судот да реши, објави А1Он.

„Точно е дека ми е нанесена голема штета со уривањето, но јас нема да тужам. Постапката што е поведена против мене во судот ја водат моите адвокати, судот нека одлучи кој бил во право. Ние го подготвуваме објектот за повторно да почнеме да работиме“, кусо изјави сопственикот Алити за „А1он“.

Неговите адвокати, веднаш по почетокот на уривањето, лани во септември, најавија дека ако треба правдата ќе ја бараат во Стразбур и детално објаснуваа дека Алити имал дозволи за градбата.
И покрај нивните тврдења, објектот, кој беше изграден до втора плоча, беше урнат оти Алити излегол од дозволениот габарит и место со метална конструкција, градел со бетонски столбови.

Текстот во целост на:А1Он.

На почеток