Македонија

И директор од Охрид високопозициониран во СДСМ, поминувал со флешери на патарини

Директор, високо позициониран во СДСМ Охрид кој претендира за претседателското место на СДСМ Охрид поминувал со флешери на патарини кога патувал за Скопје со цел да не плати патарина од 30 денари.  Јавното обвинителство лесно може да го провери и докаже овој случај, бидејќи патарините се покриени со надзорни камери, што значи и дека е снимен директорот од Охрид кој користел флешери за да не плати 30 денари патарина, објави ОХРИДВЕСТ. 

Доколку обвинителството сака може многу лесно да го докаже ова, а тоа ќе значи заминување од функција на директорот.

Останува да видиме организацијата на СДСМ од Охрид заради овој најнов скандал дали ќе го изгуби и ова директорско место .

извор: ОХРИДВЕСТ. 

 

На почеток