Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по изјавата рече дека доколку Зоран Заев тргне од самиот себе и неговите блиски соработници тогаш корупцијата која владее во Македонија ќе биде драматично помала.
Јас реков уште на почетокот на оваа недела при посетата во Старата скопска чаршија, најдобро што може да направат во овие 6-7 дена е да почнат од себе, односно од најблиските соработници на Зоран Заев и самиот Зоран Заев. Доколку тие започнат од својот двор тогаш нивото на корупција ќе биде драматично помало. Со 111 место ние покажавме дека сме лидери, дека не знаеме како, поминаа 4 години, освен ќе и ветувања и многу пљачкање и криминал кои што се случуваат на народот и на Македонија, ние буквално ништо друго не видовме, вели тој.
Според Мицкоски, државата ќе продолжи да тоне во криминал и корупција бидејќи како што рече власта ниту знае како, ниту пак има намера да расчисти со криминалот бидејќи се заглавени со криминал до гуша.
Мицкоски посочи дека нема абер ниту од законот за испитување на потеклото на имот на функционерите кој толку го најавува, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во следните собраниски седници ќе поднесе ваков закон се со цел да се испита потеклото на имот на политичарите за да се види кој бил чесен а кој несразмерно се збогатил, повикувајќи прво да се почне од него и неговото семејство, а потоа да биде Зоран Заев и останатите.
Каде е законот за потекло на имотот на функционерите, оној толку најавуван? Абер нема, ниту знаат како ниту пак можат. Затоа ВМРО-ДПМНЕ на една од следните собраниски седници ќе поднесе ваков закон каде што ќе разговараме за потеклото на имотот на сите оние кои што се занимавале или се занимаваат со политика, па да видиме кој несразмерно се богател, а кој бил чесен. Јас велам нека почнат од мене и моето семејство. Ете од таму нека тргнат со проверка. Доколку најдат било каква неправилност, јас сум тој прв кој што е подготвен да сноси консенквенции. Но, втор да биде Зоран Заев па, сите останати, нагласи Мицкоси.
Мицкоски изјави дека треба што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.
-Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата Порше Македонија.
видео: ВМРО ДПМНЕ