Медиасет

Откриена причината зошто по земјотресите во Петриња се појавуваат дупки

Статичарите на Хрватскиот центар за земјотресно инженерство (ХЦПИ) во посета на областа Петриња, Глина и Сисак забележаа во последните денови на помалите места се повеќе отворени дупки – јами, кои се појавуваат во почвата каде што има многу вода и песок, објави hashtag.mk. 

Неколку дупки се појавија под куќите, што не е безопасно затоа што почвата исчезнува под темелите, други во дворовите, некои на полињата… На еден тим статичари и архитекти сега им се придружија неколку геолози. На терен, може да се видат куќи кои изгледаат како да ги „изела“ земјата, пишува Јутарњи лист.

 

Патем, геолозите и сеизмолозите истакнуваат дека појавата на дупки во земјата поврзана со земјотреси во Хрватска е многу ретка. Овој феномен се јавува за време на земјотрес на песочна почва заситена со вода и почвата ја губи силата и носивоста, се претвора во течна или полу-течна состојба и исфрла талог надвор.

 

Извор: N1

Фото: Sandra Simunovic/PIXSELL

На почеток