Македонија

Израел тврди дека имаат лек против корона вирусот, излекувани многу пациенти

Истражувачите од медицинскиот центар Ишилов во Тел Авив успешно го завршија испитувањето на првата фаза на лекот, што може да придонесе за лекување на умерени и сериозни случаи на коронавирус, односно побрзо заздравување.  Со  израелскиот лек се излекувани 30 луѓе заразени со коронавирусот.

Лекот се „бори“ против цитокинската бура, потенцијално претеран имун одговор на заразата со коронавирусот за која се верува дека е одговорна за повеќето смртни случаи. Првата фаза од испитувањето за новиот лек за коронавирус успешно е завршена во Медицинскиот центар Ихилов во Тел Авив и се покажало дека тој придонел до брзо закрепнување на повеќе пациенти заболени со ковид-19, јавуваат израелските медиуми. Од болницата објавиле дека тоа е „огромен напредок“ бидејќи со „EXO-CD24“ супстанцата се лекувани 30 пациенти чија состојба била умерена до тешка и сите се излекувале, а 29 од нив во рок од три до пет дена.

„Лекот се вдишува еднаш дневно до пет минути во рок од пет дена и е насочен на „центарот на бурата“, белите дробови“, изјавил професорот Надир Арбер.

Израел најавува крај на пандемијата во март.

фото: Diário do Nordeste

 

На почеток