Вељко Беливук, познат како Веља Невоља и неговата десна рака Марко Миљковиќ, кои се осомничени дека биле организатори на една од најсилните криминални групи, што сеела страв и извршила најбрутални злосторства во регионот, биле уапсени за неколку изнуди, киднапирања и брутални убиства, објави vocentar.com.
Како што дознава српскиот дневен лист Курир, полицијата, во соработка со БИА и Обвинителството за организиран криминал, покрај двајцата организатори, уапсила уште 17 членови на групата под сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, вклучително и убиството на навивачот на Црвена Звезда, Здравко Радојевиќ, кој исчезна без трага минатата година.
Вчера во Србија беа пребарани повеќе од 30 локации, вклучително и три викенд куќи, лоцирани помеѓу Лозница и Горњи Милановац, каде што, како што открива извор на истрагата, биле пронајдени клучните докази за некои од најбруталните злосторства што ги извршиле, објави vocentar.com.
Покрај оружјето, откриени се и материјални докази, отпечатоци од прсти и ДНК материјал, а форензичарите сè уште проверуваат дали биолошките материјали на исчезнатите во претходниот период се меѓу собраните траги, открива изворот на Курир и објаснува дека трите куќи се третирани како место на злосторство.
Според неговите зборови, во текот на претходната година имало неколку киднапирања кои се поврзани со оваа криминална група. Жртвите, но и нивните тела, не се пронајдени до денес. Како што дознава Курир, денес се пронајдени клучни докази кои сугерираат дека тие биле мачени и потоа изгорени со киселина во овие куќи.
Повеќе луѓе исчезнаа, за чии судбини ништо не се знае со месеци. Меѓу нив е и Радојевиќ, на кого му се губи трагата во август минатата година, но и Горан Величковиќ Гокси, како и пинк пантерот Миљан Љепоја. Полицијата се сомнева дека сите биле брутално убиени, објаснува тој.
Лидерот на навивачите на ФК Партизан, инаку близок до моќниот кавачки клан, беше уапсен додека се обидувал да ги уништи трагите на злосторството.
Текстот во целост на: vocentar.com.
фото: vocentar.com.