Свет

Криминалната група на Вељко Беливук имала сриозни намери да го убива државниот врв на Србија?

Криминалната група на Вељко Беливук имала сриозни намери да го убива државниот врв на Србија.  Како што дознава „Република.рс“, Веља невоља планирал прв да биде убиен братот на претседателот Александар Вучиќ, Андреја.  За таа цел бил ангажиран и снајперист од Босна кој имал искуство во војната.

Криминалната група имала добри врски и доушници во полицијата и во секој момент знаеле ако се подготвува некоја акција. Тие имале свој регрутен центар во местото Банатски Брестовац каде ги вежбале операциите и ги мачеле жртвите.

Српскиот министерот за внатрешни работи Александар Вулин потврди дека во еден од становите на соработниците на Беливук е пронајден снајпер со придушувач.

“Најдовме дрога насекаде, скоро во секој стан. Дрога, оружје, пари. Она што не го очекувавме е да најдеме снајпер со придушувач на звук. Не служи за справување со мафијаши. Снајпер се користат за ликвидации, за оние кои имаат “големо политичко значење. Дали може да ме ликвидираат? Можеа. Дали тоа ќе ги реши нивните проблеми? Тое не. Единствената личност чија ликвидација ќе ја запре организираната борба против мафијата ќе биде Александар Вучиќ”, рече тој .

Вулин додаде дека заканата кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе биде една од темите на Советот за безбедност.

фото: Агенции

 

На почеток