Во Танзанија, од болест која сè уште не е дијагностицирана, починаа 15 лица, а повеќе од 50 лица се хоспитализирани. Болеста, која предизвикува вртоглавица, гадење и повраќање на крв, се појави во градот Мбеја, во западниот дел на земјата.
Фелиста Кисанду, директорка на Управата за јавно здравје, пред новинарите изјави дека досега се хоспитализирани десетици луѓе и дека сите имале слични поплаки.
Кисанду рече причината за болеста сè уште не е утврдена, но прелиминарните студии покажуваат дека повеќето од пациентите се мажи кои претходно имале чир на желудникот или црниот дроб.