Денес во Струга ќе разговараме со стопанствениците од градот, главната тема ќе биде лошата економска состојба. Она што не загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6 200 компании кои згаснале и за жал 1 200 компании затвориле на сопствено барање. Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55 000 невработени. Од тие 55 000 невработени во Струга имаме 4 950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација.
Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начин преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба, истакна од Струга пратеникот Антонијо Милошоски.
видео: ВМРО ДПМНЕ