Хакери упаднале во системот за снабдување со вода во градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја затруат водата, соопшти локалната полиција. Хакерите го зголемиле количеството на содијум-хидроксид, што се додава во водата во мали количини поради регулирање на киселоста, но е опасен над дозволеното ниво.
Хакерскиот напад бил на време откриен и количината на содијум-хидроксид што продрел во водата е мининална. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и тајната служба ќе го истражат случајот.
Извор/фото:Агенции