Кафанџиите од Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје нема да смеат да поставуваат тераси сред шеталиштето, а за возврат ќе добијат плус два метри во делот пред објектите. Ова било договорено минатата недела на средбата меѓу градоначалникот Петре Шилегов и газдите на кафулињата на кејот, откако беше најавена реконструкцијата на шеталиштето, објави САКАМДА КАЖАМ.
Со реконструкцијата и проектот на Град Скопје се предвидува да се отстранат терасите од кои дел се претворени во цели објекти и го заземаат речиси цело шеталиште. На ваквиот план реагирале газдите на кафулињата жалејќи се дека во голема мера им се скратува просторот за поставување на маси и столици. Било најдено компромисно решение да добијат плус два метри во делот за летни тераси кој се наоѓа пред објектите, а останатиот дел од шеталиштето сега ќе биде слободен.
Текстот во целост на: САКАМДА КАЖАМ.
фото: Макфакс
