Македонија

МЗ: Се прават последни технички прилагодувања на веб-страницата за пријавување за вакцина

Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата vakcinacija.mk,  преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19.

Оттаму додаваат дека ќе информираат повторно штом ќе се овозможи целосна функција на веб-страницата.

Инаку, сајтот според најавата требаше да биде во функција од денеска , но  има проблеми, а граѓаните се жалеа дека воопшто не можеле да ја отворат страницата.

фото: Архива

На почеток