Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи од зградата на ГОБ „8 Септември“, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, д-р Христијан Костов.
– Страшно и многу тажно. Станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор, со неколку прегледи од психијатар и терапија. Не ми е јасно како успеал да се ослободи од креветот. Со него во собата имаше уште еден пациент. Ја искористил петнаесетминутната пауза после визитата, кога немало никој во собата и си го одземал животот. Беше на интензивна нега, тешка слика на пневмонија, хоспитализиран седум дена. Нонстоп беше на терапија, истакна за „Слободен печат“ доктор Костов.
извор: „Слободен печат“
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)