Македонија

Поранешниот претседател Иванов како сведок за крвавиот „27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Поранешниот претседател Ѓорге Иванов пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје каде ќе сведочи за организацијата на настаните од 27 април 2017 во Собранието. Иванов е сведок на одбраната на обвинетите во овој случај.

Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

фото: Skopje 1

На почеток