Македонија

Заев: Нема да има предвремени парламентарни избори, но доколку сега се одржат СДСМ ќе има 50 а ВМРО ДПМНЕ 40 пратеници

Премиерот Зоран Заев денеска беше дециден дека нема да има предвремени парламентарни избори, но исто така потенцираше дека доколку сега има избори СДСМ и коалицијата би имале 50 пратеници, објави ФОКУС.

-Избори треба да има, редовни. Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци, рече Заев.

Според него, избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ.

– На 21 март ќе се бира претседател, крајот на април конгрес ќе има. Веројатно тоа ќе се случи и во ВМРО –ДПМНЕ. Треба да се демократизираат и менуваат политичките партии затоа што само така ќе се модернизира државата, вели Заев.

Во однос за тврдењата за ново мнозинство во Собранието, тој кажа дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.

Текстот во целост на:  ФОКУС.

 

На почеток