Магазин

Манекенка пронајдена мртва покрај патот, со 18 прострелни рани

Манекенката Ребека Ландрит е пронајдена мртва покрај пат во американската сојузна држава Пенсилванија. Во џебот имала хартија со име на мажот Трејси Ролинс, кој наскоро бил уапсен и обвинет за тешко убиство и злоупотреба на труп, пренесува „Мирор“.

Истражителите во извештајот навеле дека поранешната манекенка била застрелана 18 пати, а раните биле видливи на вратот, главата, грлото, рацете и градите. Полицијата верува дека била убиена неколку часа пред да биде пронајдена.

Кога ја пронашле, таа немала никакви документи со себе, но отпечатоци од прсти биле доволни на истражителите да утврдат која е таа.

фото:  Heavy.com

 

На почеток