Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран денес и утре има врнежи од снег. Насекаде ќе се формира снежна покривка, која до утре претпладне во источните делови ќе биде и над 10 см, а на запад во пониските подрачја и над 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 30 см снег. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица, велат од управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР за утре најавува облачно време со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Од 18.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 18.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.
Од 18:10 ч се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.
Од 16:46ч се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, велат од АМСМ.
Од четврток следува постепено затоплување.