Свет

Суспендиран портпаролот на Белата куќа поради закани кон новинарка

Белата куќа го суспендира заменик портпаролот Ти Џеј Дакло поради закани кон новинарка од порталот Политико, која пишувала за неговата наводна романтична врска со една новинарка.

Новинарката Тари Палмери од порталот Политико истражуваше за врската на Дакло со друга новинарка, а тој ја обвини дека е љубоморна и и се закани дека ќе и ја уништи кариерата. Дакло претходно беше суспендиран на една недела без плата.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на Твитер потрвди дека Дакло е суспендиран на една недела без плата и оти повторно нема да работи со новинарите на Политико.

Дакло и се извинил на новинарката Тари Палмери, со која имаше жесток дијалог за својот личен живот.

Ова е прва оставла на член од новата американска администрација, на помалку од еден месец од стапување на должност на претседателот Џо Бајден.

фото: WSFA

 

На почеток